3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоддршка од 25 милиони евра за жени претприeмачи од Западен Балкан

Поддршка од 25 милиони евра за жени претприeмачи од Западен Балкан

Portrait of a female executive

Финансии во износ од 25,1 милион евра и советодавни бизнис услуги ќе бидат на располагање преку Програмата за Западен Балкан за жени-менаџери на мали и средни претпријатија, на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Шведската мeѓународна развојна агенција (Сида) и Луксембург.

Програмата „Жени во бизнисот“ ќе се спроведува во наредните четири години,а е наменета за мали и средни претпријатија управувани од жени, кои имаат потреба од финансии и од совети, за да можат да го развиваат бизнисот. Финансирање, техничка помош за учество во финансиските институции и бизнис совети се предвидени за жени претприемачи во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.

– Првично, Банката ќе учествува со 20 милиони евра, наменети за креирање на кредитни линии за бизнисите управувани од жени, и преку локалните финансиски институции, сé со цел да промовира одржливо позајмување на МСП управувани од жени, зависно од конечно одобрување на Бордот на директори на ЕБОР, соопшти канцеларијата на Европската банка за обнова и развој.

За спроведување на програмата „Сида“ обезбеди 3,6 милиони евра, а од Луксембург 1,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП