
Инфлацијата во Австрија во април остана на високото ниво од 1,7 проценти, соопшти Заводот за статистика на Австрија.


Инфлацијата во Австрија во април остана на високото ниво од 1,7 проценти, соопшти Заводот за статистика на Австрија.
Растот на цените е забележан пред се во областа на домувањето, водата, енергијата, додека поскапувањата беа помали кога станува збор за храната.
Така домувањето е поскапено за околу 3,6 проценти, а храната е поскапена во просек за 2,3 проценти.
Стапката на инфлација во март, дополнително е ревидирана од 1,6 на 1,7 проценти.
Потрошувачкиот индекс, прилагоден за еврозоната, во април изнесувал 1,6 проценти.