3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВодата штити од повеќе болести

Водата штити од повеќе болести

water

Најновите откритија на експертите укажуваат дека внесувањето на доволно количество вода може да превенира и спречи некои болести.

На тој начин на пример може да се спречи формирање на камења и инфекции на уринарниот тракт, па дури и формирање на рак на мочниот меур.

Камења во бубрезите

Зголемено конзумирање на течности го намалува ризикот од повторна појава на камења, преку избегнување на создавање на концентрирана урина. Овој ризик се намалува за 50 отсто преку внесувањето на повеќе од два литра течност дневно.

Инфекции на уринарниот тракт

Постојат некои докази дека недоволно конзумирање на течности може да предизвика зголемен ризик од инфекции на уринарниот тракт. Од друга страна, зголеменото внесување на течности доведува до намалување на концентрацијата на бактерии во урината, испирање на слузницата во мочниот тракт и намалување на густината и киселоста на урината. Сепак, ова се уште не е потврдено во експериментални и клинички студии.

Рак на мочниот меур

Овој рак по зачестеност се наоѓа на петто место. Главни фактори на ризик за неговиот развој се пушењето и изложеноста на различни хемикалии. Подобрена конзумација на течности може да доведе до намалување на концентрацијата на канцерогени супстанци и нивно ефикасно испирање. Особено висок ризик од појава на рак на мочниот меур имаат пушачите кои недоволно пијат течности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП