28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„На сигурно си!“ - Кампања за заштита на личните податоци при осигурувањето

„На сигурно си!“ – Кампања за заштита на личните податоци при осигурувањето

licnakartak87i87i8i

Дирекцијата за заштита на личните податоци во партнерство со 13 осигурителни компании и две брокерски друштва, а со поддршка на Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска ја почнува кампањата „На сигурно си!“.

Кампањата денеска ќе се спроведува во Скопје, во Градскиот Трговски Центар од 12 до 16 часот. Потоа следат Гостивар, Штип, Битола, Струга…

Ќе бидат организирани пет отворени денови на кои граѓаните ќе можат да се информираат за тоа дали осигурителните компании, осигурителните брокерски друштва, осигурителните агенти и друштвата за застапување во осигурувањето имаат право да го обработуваат нивниот матичен број, да задржат фотокопија од лична карта или пасош, да ги откријат личните податоци на трети лица, да вршат директен маркетинг за нови производи, услуги, наградни игри…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП