2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen ги зголеми испораките во првите четири месеци

Volkswagen ги зголеми испораките во првите четири месеци

najgolema rekord

Минатогодишната втора најголема автомобилска групација и најголема во Европа, „Volkswagen AG“ објави дека продажбата на оваа компанија пораснала во периодот јануари-април за 6 проценти достигнувајќи 3.2 милиони продадени возила, кога станува збор за брендовите од оваа групација.

Новиот рекорд е најавен во текот на годишниот општ состанок со инвеститорите на компанијата одржан во Хановер при што извршниот директор на компнијата Мартин Винтеркорн рекол дека компанијата е на добар пат да ја надмине бројката од 10 милиони продадени возила, многу пред предвиденото.

Тој резултат тие очекуваат да го сторат веќе оваа година, иако првичниот план беше тоа да се случи во 2018-та година.

„VW“ брендот на патнички возила во април оствари зголемување на продажбата од 7% или на 513.400 возила, додека во периодот од почетокот на годината продажбата е зголемена за скоро 2 милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП