Словенечката фармацевтска компанија „Krka“ од Ново Место во првиот квартал на ниво на групација реализираше 298 милиони евра од продажба и 63 милиони евра добивка.
Добивката на матичната компанија во Словенија е намалена за 16 проценти во однос на првите три месеци од лани, на што во најголем дел влијаат негативните девизни разлики во висина од 14 милиони евра.
Оперативниот профит во целата групација, која ги опфаќа и компаниите во другите земји, изнесуваше 63 милиони евра, што е за осум проценти повеќе отколку во минатата година, а чистата добивка пред одбивање на данокот изнесуваше 48.9 милиони.
Продажбата на пазарите надвор од Словенија во првите три месеци достигна 278.7 милиони евра, што е 94 проценти од вкупните приходи од продажбата.
Најголем раст е забележан во источна Европа во која „Krkа“ учествува со 39 проценти.
Групацијата „Krka“ во минатата година забележа приходи од 1.2 милијарди евра, што е за 57.5 милиони евра односно пет проценти повеќе од 2012-та.