6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави економијата на еврозоната

Забави економијата на еврозоната

evrozonabhg76it7tr7tt

Економијата на еврозоната во првиот квартал порасна за далеку побавно темпо од очекуваното. Додека податоците за четвртиот квартал од 2013 година се ревидирани надолу, во однос на податоците од европската служба за статистика Еуростат.

Бруто домашниот производ на еврозоната во првите три месеци од оваа година се зголеми за 0,2 проценти, што е под прогнозираниот раст на аналитичарите од 0,4 проценти, додека податоците за последниот квартал од 2013 година се намалени на 0,2 проценти од првичните 0,3 проценти, се вели во соопштението на Еуростат, пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите валaт дека податоците за првиот квартал се разочарувачки и дека Европската централна банка можеби ќе мора да преземе дополнителни акции на јунскиот состанок со цел да стимулира раст.

Најновите податоци укажуваат на многу слабо закрепнување, кое не е доволно за да се намалат дефлаторните ризици, наведуваат економските експерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП