4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажни цени на производителите на индустриски производи

Продажни цени на производителите на индустриски производи

drzavenzavod1

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во март се повисоки за 0,5 проценти на месечно, а се пониски за 2,3 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во март во споредба со февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен“ за 6,4 проценти, во преработувачката индустрија за 0,1 процент, а во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,3 проценти.

Во март годинава однос на истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен“ за 0,4 проценти, а се пониски во секторите „преработувачка индустрија“ за 2,4 проценти и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 2,9 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,4 проценти на месечно ниво, а се пониски за 3 проценти на годишно ниво. Во споредба со февруари, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 4,8 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ се пониски за 0,1 процент. Во однос на март лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во март годинава, се пониски во секторот „рударство и вадење камен за 4,4 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ за 2,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП