9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени цените во земјоделството

Намалени цените во земјоделството

zemjodelstvo

Цените во земјоделството минатиот месец се намалени за 4,5 отсто кај инпутот и за 7,7 отсто кај аутпутот во однос на април лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во делот инпут цените за тековно потрошени средства во земјоделството се намелени за 4,7 отсто, а цените за средства наменети за инвестиции во земјоделството за 0,5 отсто.

Во делот аутпут, цените на растителното производство се намалени за 10,7 отсто, додека цените на добиточното производство пораснале за 1,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП