2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемено производството на шумски производи

Зголемено производството на шумски производи

sumski proizvodi

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од годинава е зголемено за 38,3 отсто во однос на истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни и иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.

Намалување на шумското производство има кај другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП