27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБафет го превзема Хајнц за 28 милијарди долари

Бафет го превзема Хајнц за 28 милијарди долари

vorenbafet1

Американскиот милијардер Ворен Бафет ќе го превземе Хајнц за 28 милијарди долари. Хајнц е една од најголемите светски компании во прехранбената индустрија.

Договорт ќе биде направен преку компаниите на Бафет, односно преку „Беркшир Хатавеј“ и „3Г Капитал“.

Во соопштението од компанијата Хајнц се наведува дека станува збор за историска работа, на една од најголемите компании вo историјата на прехранбената индустрија. Управниот одбор на Хајнц ја одобри продажбата на компанијата, но за склопување на договорот потребно е и нејзините акционери да ја дадат својата поддршка.

„Хајнц е еден од најценетите брендови во глобалната прехранбена индустрија и оваа историска трансакција ќе донесе значајна добивка за акционерите на Хајнц“, изјави извршниот директор на компанијата Вилијам Џонсон.

„Со нетрпение го очекуваме партнерството со компаниите на Бафет, неговите компании се угледни инвеститори, во новото возбудливо поглавје во историјата на компанијата Хајнц“, порача Џонсон.

Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе на планетата, и тој во текот на претходните децении стекна богатство од милијарди долари. Сега со својот капитал влегува во една од најпознатите компании во светот.

„Тоа е компанија во која нема лаги. Сум го истакнал ова повеќе пати. Кога ќе забележам дека некоја работа е привлечна и дека ми одговара, подготвен сум моите пари да ги вложам во неа“, изјави Бафет.

На акционерите во Хајнц ќе им бидат понудени 72,5 долари за акција, како и 20 проценти од премијата на претходната највисока забележана вредност на акциите од компанијата.

Компанијата Хајнц е основана на крајот на 19 век во Питсбург и со текот на времето таа стана една од најуспешните компании во прехранбената индустрија. Оваа компанија годишно продава 650 милиони шишиња со кечап, а исто така стана и најголем продавач на конзервиран грав во Велика Британија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП