25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната во април со годишна инфлација од 0,7 отсто

Еврозоната во април со годишна инфлација од 0,7 отсто

inflacijacenigermanija5e4f4f4ew4

Годишната инфлација во еврозоната во април достигна 0,7 отсто, во споредба со 0,5 проценти во март, соопшти денеска Евростат, потврдувајќи ја претходно дададената прогноза.

Една година претходно темпото на инфлацијата во монетарната унија изнесуваше 1,2 проценти, а месечната инфлација во април 0,2 отсто.

Во цела Европската унија годишната инфлација изнесува 0,8 отсто во споредба до 0,6 проценти во март.

Една година претходно показателот за ЕУ беше 1,4 проценти, а месечната инфлација за април 0,1 отсто.

Највисока годишна инфлација во април е регистрирана во Австрија и Романија (1,6 отсто), Финска (1,3 отсто) и Германија (1,1 отсто), додека дефлација има во Грција (-1,6 отсто), Бугарија (-1,3 отсто), Кипар (-0,4 отсто), Унгарија (-0,2отсто), Словачка (-0,2 отсто), Хрватска (-0,1 отсто) и Потугалија (-0,1 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП