Американскиот производител на возила „Ford“ на европскиот пазар ја зголеми продажбата во април за 6.6 проценти во однос на истиот месец од минатата година.
Овој втор најголем американски производител на автомобили испорача во минатиот месец 99.700 примероци на 20-те најголеми европски пазари, додека во април 2013-та нивниот број изнесувал 93.500.
„Ford“, кој планира да лансира 25 нови модели во Европа во наредните пет години, на својот најголемиот европски пазар, британскиот, оствари раст од 11.5 проценти или на 31.100 единици.
Во Шпанија, кој е петти пазар за овој производител, продажбата порасна за 41 отсто, додека испораката во Германија остана на стабилно ниво (21.600 возило).
За четирите први месеци од оваа година, продажбата на „Ford“ на европскиот пазар е зголемена за 10 проценти на 397.600 возила.
Во Европа оваа американска компанија веќе долго време работи со загуба, а во првиот квартал од 2014-та успеа нејзиниот износ да го намали за 50 отсто на 194 милиони долари со 425 милиони, колку што изнесуваше во првото тромесечие од 2013-та.