20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСреќните денови во ТЦ Рамстор Мол ги одушевија потрошувачите

Среќните денови во ТЦ Рамстор Мол ги одушевија потрошувачите

srekjni-denovi2

Кампањата Секој има среќен ден во Рамстор Мол, во организација на трговскиот центар Рамстор Мол која започна минатата недела ги одушеви потрошувачите кои во голем број го исполнија трговскиот со цел да ги искористат поволностите кои ги нуди промоцијата.

“Го искористив еднаш попустот и сигурно дека во наредните недели ќе одам повторно на шопинг во Рамстор. Ми се допаѓа тоа што може да купувам на попуст во период кога нема сезонски попусти низ другите продавници во градот, а и плус си добив  одличен подарок”, вели Сашка која во петокот (09.05) ги искористи попустите кои важеа за сите дами.

Големиот број на попусти но и изненадувања кои се подготвени за посетителите на трговскиот го привлекоа вниманието на момците, но и на родителите кои во неделата уживаа со своите дечиња купувајќи на попуст , а дечињата имаа можност да уживаат во друштво на своите јунаци од цртаните филмови, креативните работилници и разни игри во детското Клубче на Сезнајковци.

“ Mи се допаѓа што Рамстор постојано подготвува промоции и некако имам чувство дека се грижи секое дете кое ќе влезе во трговскиот да се забавува и чувствува посебно.  На Марко денес на попуст му купивме нова гардероба за ова лето, а тој е посебно среќен со шеќерната волна која ја доби како подарок на влезот на трговскиот”,  изјавија Ивана и Мартин кои со својот син неделното попладне го поминаа во Рамстор Мол.

Кампањата продолжува се до 1 јуни, кога секој петок, сабота и недела сите категории на потрошувачи (момците, дамите и дечињата) ќе можат да купуваат на неверојатни попусти и да добијат подарок во Рамстор Мол.

Среќните петоци, oд 17 до 22 часот се наменети за дамите, саботата е резервирана за момците, а секоја недела од 13 до 20 часот трговскиот подготвува посебна програма во Детското клубче на Сезнајковци и попусти за најмалите.
srekjni-denovi

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП