Москва ќе најде замена за „Visa“ и „MasterCard“, доколку тие навистина престанат со работа во Русија во рамките на американските санкции – порача министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
Лавров предупредува дека „Visa“ и „Master Card“ може да загубат голем пазар и дека и во Русија и во уште неколку земји постојат многу експерти кои знаат како се прават тие работи.
Претставниците на двата системи најавија дека можеби ќе мораат да ја напуштат Русија, ако дојде до формирање на национален платен промет, кој го најавуваат руските власти.
Според новиот закон, „Visa“ и „Master Card“ би морале да имаат во Русија „безбедносен депозит“, а тој е неколу пати поголем од нивниот годишен приход, наведуваат економските експерти.