5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцуската влада со декрет го стопира превземањето на Alstom oд GE

Француската влада со декрет го стопира превземањето на Alstom oд GE

alstom mm

Француската влада донесе указ кој овозможува да го блокира превземањето на домашните стратешки компании од страна на било која странска компанија, што би можело да претставува пречка на американскиот „General Electric“ во обидот да купи дел од „Alstom“.

Во декретот, објавен во службен весник, ќе и даде на државата поголеми овластување во блокирање на странските превземања во енергијата, водоснабдувањето, сообраќајот, телекомуникациите и здравствениот сектор. Секој таков обид за аквизиција ќе мора во иднина да добие согласност од министерството за економија.

Француската влада претходно ниту во еден момент не покажа дека има ваква намера, туку министерот за економија и индустрија Арнауд Монтебург ја поврзуваше оваа компанија со германски „Siemens“, а не со американскиот конкурент.

„Alstom“ претходно најави дека понудата на „GE“ вредна 16,9 милијарди долари ќе ја разгледа до крајот на овој месец, додека „Siemens“ размислува за поднесување обврзувачка понуда.

„Овој декрет ни го олесни патот за продолжување на разговорите со „GE“ и „Siemens“, кои покажаа интерес за „Alstom“, а ни овозможува нашето барење да биде приоритет“, вели близок човек на Монтебург, додавајќи дека тоа не значи и дека ќе се искористи можноста за вето.

Тој истакна дека владата со ова не сака да ги блокира странските инвестиции, туку сака во интерес на нацијата да ги осигура стратешките сектори.

Француската држава има 1 процент удел во „Alstom“, а пред десетина години ја спаси оваа групација од финансиски колапс. Многу французи сметаат дека „Alstom“, која меѓу останатото произведува и ветерници, турбини и брзи возови, е олицетворение на индустриската моќ на државата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП