5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDiesel ги мотивира танчерите низ светот да заиграат со JOGG JEANS

Diesel ги мотивира танчерите низ светот да заиграат со JOGG JEANS

deasel

Италијанскиот моден бренд Diesel веќе неколку сезони по ред, наоѓа  иновативен начин за да ги промовира своите производи, притоа ангажирајќи и креативно инспирирајќи ги младите луѓе ширум светот, преку организирани настани во комбинација со активација на социјалните мрежи.

JOGG

Проектот ‘A-Z of Dance’започна со динамично видео кое на еден интересен начин прикажува дел од 26 светски познати танци и стилови, одиграни од врвни професионалци кои додека играат ги носат таканаречените Diesel jogg jeans – хибриден модел на фармерки со специфичен дизајн кој овозможува леснотија во движењето, а направени од комбинација на тексас и трико. Овие иновативни фармерки однадвор изгледаат како стандарден модел направен од тексас, додека пак внатрешноста овозможува удобност и растегнување како кај спортската облека.

Jog
Видеото е режирано од страна на Џејкоб Сатон, а снимено на крововите на неколку висококатници во Лос Анџелес. Во него учествуваат актуелни танчери или танчерски групи, па така можеме да го забележиме Soul Step тимот кој фасцинираше со својата изведба на ревијата на Рик Овен која остави најголем впечаток за сезоната пролет/лето 2014 (http://www.youtube.com/watch?v=VOn6HLx0YHM) , Никол “The Pole” Вилијамс – ѕвездата од спотот ‘Pour It Up’ на Ријана, Левана Меклин која настапуваше со Фарел Вилијамс на Brit Wards и други.

az

Носејќи го уникатниот производ на Diesel овие млади луѓе на енергичен и разновиден начин покажуваат дека движењето и стилот се совршени партнери за успешно живеење.

Проектот на магазинот ‘i-D’ и Diesel ќе продолжи со кастинг (преку испратени видеа на социјалните мрежи со хаштаг #joggjeans или #iDdance) за танчерски таленти од целиот свет кои потоа ќе бидат вклучени во нова танчерска азбука, односно ново видео кое за разлика од првото ќе ги вклучи овие млади и можеби неоткриени таленти.

Повеќе информации: http://www.diesel.com/joggjeans

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП