2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален долгот на шпанските банки кон ЕЦБ

Намален долгот на шпанските банки кон ЕЦБ

T

Дека закрепнувањето на економијата на Шпанија е во тек потврдија и објавените податоци вчера кои покажаа дека нето долгот на шпанскиот банкарски систем кон Европската централна банка (ЕЦБ) е намален за 29 проценти во изминатата година.

Најновите податоци на централната банка на Шпанија говорат дека долгот кон ЕЦБ повторно е намален во април, и дека во овој момент шпанските банки должат 182,4 милијарди евра, што е значително помалку во однос на 257,2 милијарди евра од крајот на април минатата година и во однос на мартовскиот долг од 183,5 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Шпанските банки во 2012 година, во екот на кризата, беа речиси исклучени од меѓународните пазари поради загриженоста дека на Шпанија ќе и биде потребен меѓународен пакет помош.

Задолжувањето на шпанските банки кај ЕЦБ во август 2012 година го достигна врвот од 388,7 милијарди евра, меѓутоа оттогаш е значително намалено, но сепак сеуште е на високо ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП