24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Њујорк тајмс“ ја отпушти првата жена – главен уредник затоа што побарала...

„Њујорк тајмс“ ја отпушти првата жена – главен уредник затоа што побарала да биде платена како машко

jil-abramson

Џил Абрамсон, првата жена – главен уредник на најтиражниот американски дневен весник „Њујорк тајмс“ вчера беше неочекувано отпуштена од страна на издавачот Артур Шулцбергер.

– Уживав во мојата работа во Тајмс. Работев со некои од најдобрите новинари во светот, соопшти Абрамсон, која помина две и пол години на чело на весникот, а својата лојалност на компанијата ја покажа со тоа што дури и го истетовира логото на весникот на својот грб.

Веста за отпуштањето на Абрамсон предизвика бура од шпекулации во американските медиуми.

Списанието „Њујоркер“ веднаш објави дека причината за смената на Абрамсон е тоа што таа дознала дека нејзиниот претходник на оваа позиција, Бил Келер, имал далеку поголема плата и пензиски надомест.

Иако платата на главниот уредник на „Њујорк тајмс“ се крие од јавноста, се проценува дека таа изнесува повеќе стотици илјади долари годишно.

Абрамсон, според „Њујоркер“, дури ангажирала и адвокат кој контактирал со издавачите на весникот да им укаже на нееднаквоста во нејзиниот надомест.

Ова, според „Њујоркер“ била причината за ненадејниот отказ на Абрамсон.

Обвинението е особено непријатно за „Њујорк тајмс“, бидејќи весникот гласно ја поддржува кампањата на претседателот Барак Обама за изедначување на платите на мажите и жените во САД.

Нов главен уредник на весникот е Дин Бакет, кој пак е првиот Афро-американец на оваа позиција.

Нетрпеливоста на Абрамсон и Бакет, кој наводно повеќе пати удирал по ѕидовите на канцеларијата и гневен ги напуштал состаноците со главната уредничка, беше наведена како уште една можна причина за смената на Абрамсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП