2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазвиените земји сеуште „заглавени“

Развиените земји сеуште „заглавени“

OECDf45tfg56ty56y67u

Стапката на невработеност во развиените земји во март остана „заглавена“ на ниво од 7,5 проценти, соопшти Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД.

Податоците покажуваат дека бројот на лица без работа сеуште е за една третина поголем од оној пред почетокот на глобалната економска криза.

Според податоците на ОЕЦД, во март во 34 земји членки на организацијата, работа барале 11,3 милиони лица повеќе во однос на јули 2008 година, пред појавата на глобалната финансиска криза, пренесува агенцијата Франс прес.

Бројот на невработени, сепак, е намален за четири милиони во однос на рекордниот број од април 2010 година.

Во еврозоната, чиј економски раст постепено зајакнува, невработеноста веќе четири месеци стагнира на 11,8 проценти, а во април таа стагнираше и во САД (на 6,7 проценти) и Јапонија (3,6 проценти).

Стапката на невработеноста е зголемена за 0,3 на 5,8 проценти во Австралија и за 0,4 на 3,5 проценти во Јужна Кореја, наведуваат од ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП