5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија: Остри критики против зголемување на старосната граница за пензионирање

Австралија: Остри критики против зголемување на старосната граница за пензионирање

sidney-harbour-australia

Планот на Австралиската влада да ја подигне старосната граница за заминување во пензија на 70 години наиде на критики како и на осуда за нефер однос кон оние кои обавуваат потешки физички работи, како и сиромашните лица.

Зголемувањето на старосната граница на 70 години до 2035 година е една од мерките кои Австралија ги најави за да се избори со трошоците кои ги создава во голем дел старото население и да го запре зголемувањето на овие трошоци.

Моменталната старосна граница за заминување во пензија во Австралија е 65 години уште од 1908 година.

Опозициската Лабуристичка партија најави дека ќе му се спротивстави на ваквиот закон во парламентот, истакнувајќи дека ниту една друга богата земја не најавила дека ќе ја зголеми оваа граница на 70 години, пренесува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП