7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Раст на невработеноста во Србија

ЕК: Раст на невработеноста во Србија

nezaposlenost2y6t5fg

Европската комсија за оваа година предвиде мало зголемување на невработеноста во Србија и забавување на економскиот раст, додека наредните години ќе биде забележано извесно подобрување на ситуацијата.

Во прогнозата која ја претстави Делегацијата на ЕУ во Белград се наведува дека невработеноста оваа година ќе се зголеми од 22,1 проценти, колку што изнесуваше минатата година, на 22,6 проценти во оваа година.

Се оценува дека потоа во 2015 година најверојатно ќе биде забележан мал пад на невработеноста на 22,5 проценти.

Европската комисија додава дека може да се очекува дека евентуалните вработувања во приватниот сектор  ќе бидат поништени со загубата на работни места за време на реструктуирањето на јавниот сектор.

За оваа година се предвидува и забавување на економскиот раст од 2,5 проценти во 2013 година на 1,1 проценти, за во 2015 година растот повторно да се искачи на 1,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП