27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСава осигурувaње одбележа 20 години постоење

Сава осигурувaње одбележа 20 години постоење

sava osig11

Осигурителната компанија „Сава осигурување“ а.д. Скопје одбележа 20 години од основањето.

Извршниот директор Петер Скварча вели дека спојот на искуството, знаењето и младешкиот ентузијазам им обезбедува висока позиција на пазарот и доверба кај осигурениците.

Компанијата има сопствена продажна мрежа од 38 подружници, како и брокери и агенции низ целата држава. Пазарниот удел е 10,5 проценти.

„Сава осигурување“ е членка на големата групација „Сава Ре“ чие седиште е во Словенија. Во 2013 година запиша премија од 386,7 милиони евра. Се работи за втората по големина групација за осигурување во регионот која забележа пораст на премијата од 43 отсто во споредба со претходната година.

Неревидираната нето добивка за 2013 од 13,6 милиони евра покажа зголемување од 15,4 проценти во однос на 2012 година. Како резултат на ова, годинава ќе се исплатат дивиденди во висина од 30 отсто од добивката за 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП