5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина тоне во длабока рецесија

Украина тоне во длабока рецесија

ukraina

Украина која е погодена од криза оваа година ќе падне во длабока рецесија, додека економијата на Русија ќе се соочи со стагнација, прогнозира ЕБОР.

„Економијата на Украина оваа година ќе потоне за седум проценти, а следната ќе стагнира“, се наведува во извештајот на Европската банка за обнова и развој, со што се поправени претходните прогнози дека растот на економијата на Украина ќе изнесува 1,5 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Како што наведува ЕБОР, Русија оваа година ќе постигне нула еконoмски раст, а во текот на наредната година ќе се врати на растот од само 0,6 проценти. „Кризата во Русија и Украина има сериозни последици по економиите на тие држави и сериозно се заканува да го забави и закрепнувањето на поширокиот регион во кој ЕБОР делува“, се наведува во соопштението на оваа институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП