17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА3 начини да спречите работата да ви го уништи животот

3 начини да спречите работата да ви го уништи животот

18363_posao-foto-shutterstock_57991501_630x0

Ониe кои дозволуваат да го изгубат приватниот живот поради работата, често се помалку среќни, помалку здрави и склони кон прекумерни количини храна, алкохол, цигари и дрога, покажуваат истражувањата.

Ова се трите совети како да го спречите тоа…

Не трошете го залудно времето на работа

Повеќе часови поминати на работа не значат и поголема продуктивност. Пресметајте колку време ви е потребно да јадете, пиете кафе, седите со колегите во канцеларија, прочитате мејлови… и излегува дека ефективно сте работеле само шест часа.

Внимателно пресметајте си го времето и најпрво обидете се да ги завршите сите обврски, ако ви остане време тогаш одлучете се за некои останати активности. Во ниту еден случај не смеете да оставате работни задачи за дома, тоа со тек на време целосно ќе го уништи вашиот живот. Завршете се додека сте на работа и почитувајте си го приватниот живот, кога ќе излезете од работа сите повици, пораки, мејлови и разговори во врска со работата ставете ги настрана.

Паметно користете ја паузата

Правете неколку паузи во текот на работното време, со цел повеќе пати да се одморите. Доколку ви се дозволени 30 минути пауза, поделете го тоа време, не го земајте одеднаш. На тој начин на неколку пати ќе се одморите и ќе соберете сила за понатамошно извршување на задачите.

Движете се

Постојат многу докази дека вежбањето го намалува стресот, па дека дури и го намалува конфликтот помеѓу деловниот и приватниот живот. Вежбањето ќе ви дојде како можност со која ќе успеете да ги исфрлите сите несогласувања, проблеми и пречки од вашите животи, применувајте го редовно. Вежбањето е најдобриот начин „психолошки да ги одвоите деловниот и приватниот живот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП