1 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОбвинет за мито директорот на GlaxoSmithKline

Обвинет за мито директорот на GlaxoSmithKline

11_74840474_74840473

Кинеските власти го обвинија директорот на фармацевтската компанија „GlaxoSmithKline-GSK“, Британецот Марк Рејли, дека на вработените им наредил да го поткупуваат персоналот во болниците поради користење на нивните производи.

Полицијата наведува дека преку тоа е овозможено остварување на „нелегални приходи“ од повеќе милијарди јуани.

Властите се сомневаат дека Рејли и неговите двајца колеги ги подмитувале и функционерите во Пекинг и Шангај.

Официјалните лица изјавија дека полицијата ја завршила истрагата и дека случајот е префрлен до обвинителството.

Кинеските власти соопштија дека во јули минатата година покренале истрага против „GSK“, по што се уапсени четири официјални лица од оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар