20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСпецифичната развојна мисија клучна за успехот на бизнисите и банката

Специфичната развојна мисија клучна за успехот на бизнисите и банката

pro

Работејќи дирекно со малите и средни бизниси,  во 2013  ПроКредит Банка забележа раздвижување на бизнис динамиката кај претпријатијата: зголемување на производството, побарувачката и размената, но сепак предизвици околу  ликвидноста и одложени рокови за плаќање. Во вакви услови за бизнисите побараа поддршка во воведувањето новини, настап на странски пазари, проекти за зголемување на продуктивноста и намалување на трошоци, премостување на ликвидносни застои  и флексибилност за искористување на добри бизнис можности.

Понудија прилагодени услуги за поддршка на енергетско ефикасни инвестиции, извоз, домашно производство, земјоделие и органско производство.Со таквиот пристап вкупното кредитно портфолио достигна 205 милиони евра т.е  раст од 9,9% споредено со 2012 г. (растот на ниво на банкарскиот сектор во Македонија во 2013 г. изнесуваше 6,42%).

Преку постојани акции за поттикнување на културата за штедење и флексибилни услови за штедачите, депозитната база порасна за 12,9% што е показател за довербата на клиентите во ПроКредит како германска банка.

Профитот за 2103 година изнесува 2,8 милиони евра. Со спроведување на специфична кредитна технологија со која кредитите кои ги исплаќат соодведствуваат со кредитниот капацитет на секој клиент, процентот на кредити во доцнење изнесуваше  2,59%, далеку под нивото на банкарскиот сектор од 11,51 %.Како резултат на тоа, меѓународната агенција ,,Fitch Rating” ја зголеми оценка за индивидуалната кредитна способност од “b” na “b+” и  го задржа општиот рејтинг на ПроКредит Банка од ББ+.

И во 2014 ПроКредит Банка останува банка со ‘’чувство’’ за бизнисот и  иновативна услуга како олеснување на секојдневните операции на клиентите. Клиентите ќе добијат повеќе од банкарска услуга: регионални и локални бизнис партнерства, совет од специјализиран кадар, сигурност и кредибилитет гарантиран од германски акционери.  За претпријатијата нудат подобрени кредитни услови прилагодливи на динамиката на работењето, пофлексибилно обезбедување и електронски услуги. Граѓаните ќе можат да ги финансираат своите инвестиции за нов дом и енергетски ефикасно реновирање со најконкурентни каматни стапки.

pcb-rezultati

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП