4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Унилевер“ во Романија ја претвора старата храна во енергија

„Унилевер“ во Романија ја претвора старата храна во енергија

Unilever-Singapore-4

Англо-холандскиот гигант во производство на потрошувачка стока, „Унилевер“ постигна со групацијата „Џенезис биопартнер“ спогодба за собирање на прехранбени производи со истечен рок на употреба, кои потоа ги претвора во обновлива енергија, во рамки на програма за одржливост во Романија.

Отпадот, кој вклучува сладолед и сенф со истечен рок, ќе биде претворен во обновлива енергија во фабриката во романскиот округ Прахова, пишува ромаскиот весник „Бизнис ривју“.

Фабриката за производство на биогас е отворена минатото лето, благодарение на инвестицијата на романската холдинг компанија „Џенезис биопартнер“ од пет милиони евра.

Прв клиент на фабриката беше локалниот произведувач на месо „Кристим“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП