24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на Црна Гора ќе се зголеми на 3,8 проценти во...

Економскиот раст на Црна Гора ќе се зголеми на 3,8 проценти во 2014

Crna Gora

Бруто домашниот производ на Црна Гора, според проценките на Централната банка (ЦБЦГ), оваа година ќе се зголеми од 3,2 на 3,8 проценти, додека инфлацијата ќе биде од минус 0,5 до три проценти.

Прогнозите за раст на црногорската економија, ЦБЦГ ги направи според моделска и потрошувачка метода, пренесува АФП.

Според моделската проекција, растот на БДП ќе изнесува од 3,2 до 3,8 порценти, а според потрошувачката метода 3,5 проценти, се наведува во извештајот на ЦБЦГ.

Од банката веруваат дека растот на БДП во оваа година најмногу ќе зависи од приливот на странски капитал, понудите на кредити, ситуацијата во индустријата и динамиката на реализација на најавените инвестициски проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП