4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Cargo - најдобра во Европа

Turkish Cargo – најдобра во Европа

73756976253730e4438dca116716816_640x427

„Turkish Cargo“, дел од „Turkish Airlines“ за товарен сообраќај, ја освои наградата за „Најдобра европска карго авиокомпанија“, соопштија од компанијата.

Оваа награда, најстара во индустријата за товарен авиопревоз, ја доделува „Air Cargo News“ кои се сметаат за најугледни во овој сектор. Победниците веќе 31 година се избираат врз основа на гласовите на клиентите, а се карактеризираат со квалитет, иновација, ефикасност, брзина, безбедност и визија.

„Turkish Cargo“ е еден од светските брендови за товарен авиосообраќај со најбрза стапка на раст, која изнесуваше 22 проценти во 2013 година и дополнителни 27 проценти во првиот квартал од 2014 година.

Компанијата во моментов располага со ефикасна мрежа за товарен авиосообраќај која опфаќа 106 земји и повеќе од 248 дестинации во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП