4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодинава 400 кражби на електрична енергија

Годинава 400 кражби на електрична енергија

kradenje struja

Повеќе од 400 кражби на електрична енергија откри ЕВН од почетокот на годинава. Според компанијата, украдени се над пет милиони киловатчасови и е направена штета од 700.000 евра. Државата е оштетена за процентот на данокот на додадена вредност кој не може да се наплати при кражби.

Кражбите се откриени при редовните контроли на мерните места и специјалните анализи на потрошувачката и испораката онаму каде што постои сомнеж за неовластено користење електрична енергија. За сите корисници се поднесени пресметки за неовластено користење на електричната енергија и кривични пријави.

Во споредба со истиот период лани, кражбите, соопшти ЕВН, се речиси двојно намалени што се должи на континуираната контрола на мерните места, како и на строгите законски мерки.

– Зголемувањето на затворските казни и пресудите му дадоа сериозност на пристапот за сузбивање на овие кривични дела. Од почетокот на годината се донесени вкупно 165 судски пресуди, со девет од нив е изречена затворска казна за неовластено користење електрична енергија. Заедно со петте пресуди од минатата година, вкупно 14 корисници ќе се најдат зад решетки поради кражби на електрична енергија и слични кривични дела, информира компанијата.

Најголемата штета од кражбите, наведуваат од ЕВН, ја имаат корисниците кои редовно ги плаќаат сметките и дистрибутивниот систем. Голема е опасноста по животите и здравјето во близина на кражба на електрична енергија, често се случуваат и експлозии и пожари. Онаму каде има кражби, има чести дефекти и слаб напон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП