27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧЕЗ, „Енерго-про“ и ЕВН обвинети за злоупотреба на позиција на бугарскиот пазар

ЧЕЗ, „Енерго-про“ и ЕВН обвинети за злоупотреба на позиција на бугарскиот пазар

cez

Бугарскиот регулаторен орган денеска ги обвини чешките енергетски компании ЧЕЗ и „Енерго-Про“, како и австриската ЕВН, за злоупотреба на доминантната позиција на пазарот во Бугарија, објавија чешките медиуми.

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, трите компании на давателите на ТВ, телефонски и интернет услуги им формирале неразумно високи цени за пристап до нивните енергетски мрежи.

Поради тоа, бугарската Комисија за заштита на конкуренцијата утврдила дека компаниите ги прекршиле правила за заштита на конкуренцијата и за 30 дена, кога ќе помине рокот за приговор, ќе им бидат одредени казни.

По објавувањето на веста, веднаш се намали вредноста на акциите на ЧЕЗ на прашката берза.

Работата на трите енергетски дистрибутивни фирми во Бугарија ја испитува и Бугарскиот енергетски регулатор заради спор за неплаќање на наводен долг и им се заканува одземање на лиценцата за продажба во земјата.

Откако ЧЕЗ беше принудена да си замине од Албанија, по одземањето на лиценцата за работа, Бугарија е следна балканска земја каде се комплицираат инвестициите на чешката компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП