1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗатворени 101 објект за фискални сметки

Затворени 101 објект за фискални сметки

ujp-zatvorenovc45t4

Управата за јавни приходи минатата недела утврди неправилности во финансиското работење кај 101 деловен објект. Објектите се запечатени, а на даночните обврзници им е изречена и парична глоба.

Како што информираат од УЈП, најголем број затворени објекти се во Скопје (35), Битола (20), Струмица (6) и Гостивар (5), додека останатите се лоцирани во други 21 општини.

УЈП минатата недела спроведе засилени контроли на цела територија на Македонија при што беа опфатени 665 деловни објекти.

Од УЈП сметаат дека и покрај тоа што контролите во делот на фискализацијата е една од најексплоатираните теми во јавноста и УЈП постојано апелира даночните обврзници редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, но се уште постојат деловни објекти кои не го регистрираат прометот и го оштетуваат Буџетот на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП