2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеготинката Поповска ги доби клучевите од автомобилот од наградната со фискални сметки

Неготинката Поповска ги доби клучевите од автомобилот од наградната со фискални сметки

fiskalna_nagradna igra

Карванот на Државна лотарија на Македонија денеска беше во Неготино при што и беа доделени клучевите од автомобилот Пежо 208 од наградната игра Фискална во рака-награда без мака на Милица Поповска.

Покрај автомобилот во последното коло беа извлечени 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Следното, 6-то по ред извлекување на наградната игра Фискална во рака – награда без мака ќе се одржи на 26 мај 2014.

Во ова коло на наградната игра Фискална во рака – награда без мака се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Во извлекувањето учествуваат сите коверти испратени за 6то коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013та година.

Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото, четвртото и петтото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7-мото коло за извлекување на стан и деловен простор.

За учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15 ноември 2013, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот треба да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра: Државна лотарија на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП