7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСушата во југоситочна Азија го загрозува производството на палмино масло

Сушата во југоситочна Азија го загрозува производството на палмино масло

palm oil

Сушата што годинава ги погоди повеќето земји на југоисточна Азија, се заканува драстично да го намали и производството на палминото масло, суровина која во светот широко се користи во прехранбената индустрија, козметиката, индустријата и медицината.

Се работи за можно намалување на производството од 70 на помалку од 40 милиони тони на овој производ, од кој Индонезија остварува извоз од седум милијарди, а Малезија од четири милијарди долари годишно.

Палминото масло, кое вон Индонезија, Малезија и Тајланд се произведува само во Еквадор и Конго, е најдоходовен производ во секторот на индустријата за масло и е неговото производство е двојно поевтино од она на масло од соја и петпати поевтино од производството на масло од сончоглед.

По најавите за намалување на приходите од југоисточна Азија, за да се ублажат последиците од рапиден скок на цените на маслата на светскиот пазар, во САД се подготвува значајно зголемување на површините за производство на масло од соја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП