2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален профитот на Telecom Italia

Намален профитот на Telecom Italia

dbpix-telecom-italia-superJumbo

Компанијата „Telecom Italia“ во првиот квартал од оваа година забележа пад на бруто оперативниот профит (EBITDA) од 8,4 проценти на 2,2 милијарди евра, што отприлика беше на ниво на очекувањата на аналитичарите, соопштија од компанијата.

Според економистите, бруто оперативниот профит би требало да достигне износ од 2,21 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Приходите на оваа групација се намалени за 11,9 проценти на 5,188 милијарди евра, одразувајќи ја слабоста на италијанскиот пазар каде компанијата остварува 71 проценти од продажбата.

Аналитичарите во просек очекуваа 5,22 милијарди евра приходи.

Задолженоста на компанијата во првиот квартал е малку зголемена на 27,529 милијарди евра, надминувајќи ја прогнозата на економистите (27,2 милијарди).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП