9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомали трошоци за плаќање во странство со примена на СЕПА стандардите

Помали трошоци за плаќање во странство со примена на СЕПА стандардите

sepa1

Ефикасен систем за платен промет и намалување на трошоците за плаќањата во странство, се придобивките од користењето на СЕПА стандардите во македонскиот банкарски систем.

Стандардите се применуваат во 28 земји од ЕУ, а Македонија ќе треба да ги применува кога ќе стане членка.

– Република Македонија не е се уште вклучена во овој систем. Тоа е двостран процес, но постојат можности за приближување и да успееме да ги намалиме трошоците за плаќањата во другите држави. Народната банка размислува во таа насока и во Стратегијата се предвидени одредени активности, изјави на денешната средба на тема „Што може да донесе Единствената европска платежна област за банкарството и за реалниот сектор во Република Македонија“ организирана од Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија.

Тој додаде дека спроведувањето на овој систем е подолг процес кој Народната банка и банките во Република Македонија ќе треба да го приспособат, што подразбира и инвестиции. Според него, бенефитите од примената се однесуваат и на физичките и на правните лица, бидејќи сега трошокот се фактурира на крајниот клиент.

Претседателот на Здружението на банкарство Ѓорѓи Јанчовски истакна дека со нив се добива зголемување на ефикасноста на платните системи и намалување на трошоците. Проценките покажуваат дека ефектите од СЕПА би биле намалување за европската економија од 2-3 проценти од БДП.

СЕПА е развиен систем во кој плаќањата меѓу земјите функционира како плаќањето во земјата.

Денешната средба во Скопје, според заменик-претседателот на Здружението за банкарство Јитка Пантучкова е обид да се интегрира локалното банкарство во европскиот банкарски систем. Таа истакна дека овие стандарди треба да ги имплементира секоја комерцијална банка во земјата.

Настанот е организиран во соработка со Европската банкарска федерација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП