30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

industrijaind125488

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1,8 отсто на годишно ниво, а на месечно ниво немаат промена.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2014, во споредба со март 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 отсто и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 отсто, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се на исто ниво.

Во април 2014, во споредба со април 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Капитални производи за 3,2 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 отсто и Енергија за 2,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП