26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаководството на Sony бара да го врати бонусот

Раководството на Sony бара да го врати бонусот

soni moe

Ослабениот јапонски гигант, „Sony“ нема да ги исплати бонусите на членовите на раководството веќе трета година по ред, а причината за тоа е уште едната лоша година за компанијата.

„Нашето највисоко раководство предложи да ги вратат бонусите и таквиот предлог беше прифатен. Тоа значи дека претседателот на компанијата Казуо Хираи нема добиено ниту еден бонус од кога во 2012-та стана извршен директор на компанијата, а ниту десетина високи раководители оваа година нема да добијат бонус“, изјави портпаролот на „Sony“.

Според пишувањето на јапонскиот весник „Nikei“, вкупната вредност на бонусите кои нема да бидат исплатени оваа година би можела да биде 10 милиони долари.

Овие коментари доаѓаат еден ден по објавувањето на извештајот на „Sony“ за заработката во минатата година, која според некои проценки, би требало да регистира поголема загуба поради трошоците повразни со престанувањето на производството на персонални компјутери, како и бројните реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП