ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена довербата на инвеститорите во Германија

Намалена довербата на инвеститорите во Германија

germanyf4r54r4e3r43

Довербата на инвеститорите во Германија во мај се намали на најниското ниво за последната година ипол, поради загриженоста дека закрепнувањето на најголемата европска економија ќе забави, покажаа денес објавените резултати од истражувањата.

Индексот на довербата на инвеститорите, кој го пресметува германскиот економски институт ZEW , се намали во мај за 10,1 поени на 33,1 поени, додека аналитичарите очекуваа далеку помал пад на 41 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

„Веќе постојат индикатори дека Германија нема да биде во состојба да го оддржи ваквото брзо темпо на раст“, изјави претседателот на ZEW, Клеменс Фуст.

ZEW ги пресметува податоците врз основа на одговорот на аналитичарите и инвеститорите за нивната проценка за моменталната економска ситуација во Германија, како и нивните очекувања за претстојните месеци.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП