28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНемате концентрација на работа? Овие 5 работи се виновни за тоа...

Немате концентрација на работа? Овие 5 работи се виновни за тоа…

3272_zaposlena-zena-shutterstock_8734678_hf

Веројатно многу пати сте посакале да правите било што друго, само не задачата која сте ја добиле од надредените. Ви ги претставуваме главните причини за тоа, но и начини како да ги совладате:

Глад

Освен ако не сте готвач, веројатно често сте гладни на работа. Потребата за храна ви го одвлекува вниманието од она што треба да го сработите на работа. Таа појава е многу раширена меѓу вработените. Нормално, секој од нас мора да јаде, но таа потреба мора да се држи под контрола. Посегнување по грицки најчесто предизвикува стрес, затоа набавете намирници кои ќе ве ослободат од напнатоста, како бадеми, диња, боровинки и брокула. Тие ја елиминираат нервозата и не спречуваат неконтролирано да внесуваме храна.

Пријатели

Додека сте на работа, едвај чекате повик или порака од пријателите. Тоа претставува постојана пречка за активно работење. Важно е да запомните дека не мора веднаш да реагирате. Нема да бидете лоша пријателка ако пораката ја прочитате по завршувањето на работното време или ако тогаш одговорите на пропуштените повици. Доколку некоја вест е многу итна, ќе бидете известени на вистинскиот начин за тоа. За вистинскиот пријател никогаш нема да биде доцна да го помине неговото слободно време со вас.

Емотивна врска

Емотивните врски не се лесни. Секој сака совршен партнер покрај себе, но секогаш доаѓа време кога партнерите треба да се прифатат еден со друг, што може да предизвика проблеми во односот. Немојте да се изненадите ако личноста со која сте во врска знае да ве изнервира кога ќе дојдете дома од работа. Фрустрациите предизвикани од вашиот емотивен статус можно е да ги истурите врз колегите на работа. Искористете ја паузата за ручек да се релаксирате, а советите од колегите можат да ви бидат одлична терапија. Нормално бидете умерени и во тоа.

Преголеми очекувања

Сакате работа која на многу начини ве исполнува, која е возбудлива, интересна и полна со предизвици. Но речиси секој знае дека работите не функционираат на овој начин. Треба да знаете дека луѓето кои постигнале големи цели напорно работеле, а многу малку размислувале за желбите. Опседнатоста со желбите ја носи мрзеливоста и претставува најбрзиот пат да дојдете до заблуда дека некој нешто ви должи без да се залагате. Наместо премногу да рамислувате за желбите, работете и само работете. Разговарајте со успешните пријатели и членови на семејството, така ќе научите нешто од нивното искуство. Вашите желби по напорната работа секако дека ќе се исполнат.

Размислувате за одмор

Сите вработени често си помислуваат: „Кога ќе одам на одмор?“. Мозокот несомнено по извесно време го бара тој одмор. Дури и вистинските вљубеници во работата некогаш сакаат одмор. Отсуството од работа е секако добра идеја, но не мора постојано да мислите за тоа. За да престанете постојано да размислувате за одморот, својата работа гледајте ја на следниот начин: напорните часови работа се вложени средства кои ќе ве одведат директно до вашата цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП