6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ покрај се, Airbus изненади

И покрај се, Airbus изненади

airbusmus

Европскиот производител на авиони „Airbus“ во првиот квартал од годината ја надмина прогнозата на аналитичарите за зголемување на продажбата и забавувањето на падот на рентабилноста.

Тие резултати се остварени и покрај големите вложувања во истражувањето, развојот и трошоците за моделот „A350“, чии испораки би требало да започнат кон крајот на годината.

Групацијата „Airbus“, поранешна „EADS“, за 2014-та година потврди дека очекува умерен раст на рентабилноста и ја задржа прогнозата за оперативната маржа од седум до осум проценти (наспроти шестте проценти во 2013-та), земајќи ги во предвид трошоците во врска со моделот „A350“.

Во соопштението понатаму се вели дека приходите во тековната година би требало да останат стабилни, по растот од пет проценти во првиот квартал кога изнесуваа 12.6 милијарди евра, благодарејќи на порастот од испораката на хеликоптери, како и продажбата на повеќе авиони од типот „A380“ во однос на истиот период од 2013-та.

Оперативниот профит изнесува 700 милиони евра, додека во првиот квартал во 2013-та изнесуваше 734 милиони, а нето-профитот порасна за 93 проценти или на 439 милиони евра, благодарејќи на позитивниот валутен ефект.

Аналитичарите за споменатиот период предвидеа во просек 12.408 милијарди евра приход, оперативен профит од 644 милиони и нето профит во вредност од 321 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП