5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина мора да се навикне на побавен економски раст

Кина мора да се навикне на побавен економски раст

ksijinpingkinapretsedatelreg4er64g6re

Претседателот на Кина, Кси Јинпинг, порача дека Кина мора да се навикне на побавен економски раст, прекинувајќи ги надежите дека владата ќе започне со нови стимулативни мерки.

Коментарите на претседателот доаѓаат во време на слабеење на трговијата и производните активности во Кина, откако економскиот раст во последниот квартал забави на 7,4 проценти, по растот од 7,7 проценти од 2012 и 2013 година, што е најслабиот резултат од 1999 година, пренесува агенцијата Франс прес.

„Мораме да ја поттикнеме довербата, да се прилагодиме на новите услови врз основа на карактеристиките на економскиот раст каков што е во моментов и да останеме смирени“, изјави тој.

Кси наведува дека владта ќе се фокусира на долгорочните реформи со цел стабилизирање на економијата. „Кина мора да ги спречи ризиците со правовремени контрамерки за да се намали евентуалниот негативен ефект“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП