4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на UniCredit

Зголемен профитот на UniCredit

unicredit67u776jnu

Најголемата италијанска банка „UniCredit“ во првиот квартал евидентираше раст на профитот од 58,8 проценти во однос на истиот период во 2013 година, на 712 милиони евра.

Резултатот ги надмина очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа зголемување на 550 милиони евра.

„UniCredit“ во првиот квартал од 2013 забележа профит од 449 милиони евра, а во последниот минатогодишeн квартал забележа загуба од 15 милијарди евра, односно една од најголемите загуби која ја забележала некоја европска банка.

Таа загуба беше забележана откако „UniCredit“ одвои 9,3 милијарди евра за покривање на лошите кредити и отпиша уште 9,3 милијарди евра од вредноста на претходните преземања.

Ризичните кредити, сепак и понатака бележат раст во италијанските банки, иако со малку побавно темпо.

„UniCredit“ се обидува да го поправи билансот во пресрет на контролите кои Европската централна банка ќе ги спроведува во банките низ Стариот континент.

„Оваа година целиме на профит од околу две милијарди евра, а таа цел во моментов се чини како достижна“, изјави извршниот директор на банката Фредерико Гицони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП