30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2016 година ќе стартува Економската заедница на АСЕАН

Во 2016 година ќе стартува Економската заедница на АСЕАН

ASEAN-member-countries

Лидерите на десетте членки на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН), на дводневниот Самит во Мјанмар, се договорија да ги зајакнат мерките за финализирање на проектот со кој во декември идната година, според моделот на Европската Унија, и формално ќе профункционира Економската заедница на АСЕАН (АЕК).

Во завршната декларација од Самитот се нагласува дека се завршени над 80 посто од подготовките, така што овој регион со над 600 милиони жители и над 15 отсто од вкупната светска економија ќе профункционира како единствен пазар.

Покрај завршувањето на планираните подготовки за формирање на Економската заедница, државите од АСЕАН се согласиле до декември идната година да бидат потпишани договори за соработка на АЕК со Јапонија, Хонг Конг, Нов Зеланд и Австралија. Овие држави веќе побарале статус на придружни членки на АЕК.

Секретаријатот на АСЕАН објави дека деновиве ќе профункционира заедничка интернет платформа со која потенцијални инвеститори во мали и средни компании ќе се информираат и ќе добијат логистичка поддршка за остварување на нивните планови. „Invest in ASEAN“ ќе биде еден од најобемните и најкомплетни сајтови за информирање, посредување и спроведување на инвестициски активности во овој регион.

АСЕАН ја сочинуваат Филипините, Малезија, Сингапур, Брунеи, Индонезија, Тајланд, Лаос, Камбоџа и Мјанмар, кој една година ќе претседава со Асоцијацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП