28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританците повикани да го бојкотираат Amazon

Британците повикани да го бојкотираат Amazon

amzn-uk

Купувачите во Британија се повикани да го бојкотираат работењето на американската компанија за тргување преку интернет, „Amazon“.

Имено, минатата година оваа компанија платила данок од само 4.2 милиони фунти, покрај тоа што продале стока во вредност од 4.3 милијарди фунти.

Претседателката на Комитетот на британската влада за јавната потрошувачка, Маргарет Хоџ, побарала од купувачите да пронајдат друга алтернатива за овој вид на трговија и истакнала дека „Amazon“ мора да го плати соодветниот данок.

„Ова е срамота. Тие заработуваат од неплаќање данок. Повеќе нема да ги користам услугите на „Amazon“. Поради тоа ќе мораме да купуваме преку некои други компании“, изјавила Хоџ.

Според нивните податоци, „Amazon“ во последнава деценија платила само десет милиони фунти во име на данок во Британија, додека само во изминативе четири години, компанијата во оваа земја остварила продажба од 23 милијарди фунти.

„Amazon“ e во можност да плаќа понизок данок, затоа што кога купувачите во Европа купуваат од некои локални интернет страни, плаќањето се извршува преку подружницата на „Amazon“ која се наоѓа во Луксембург, земјата која има најниска даночна стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП