2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманци трошете, излеговме од кризата!

Романци трошете, излеговме од кризата!

romanijafp4r34r34

Министерот за финансии Ливиу Воинеа денес на своите граѓани им порача: „Земете, инвестирајте, трошете, Романија излезе од криза“.

Романија, би требало оваа година да има економски раст од 3,5 проценти што е меѓу највисоките во ЕУ, изјави Воинеа на еден економски собир во Букурешт.

Индустриското производство во Романија е зголемено за 10,7 проценти во првиот квартал оваа година во однос на истиот период минатата година, соопшти денес Институтот за статистика.

Романија која сеуште е една од најсирмашните земји во Европа, тешко беше погодена со економската криза во 2009 и 2010 година, со длабока рецесија, а романската влада тогаш ги намали платите во јавниот сектор за 25 проценти за да го ограничи буџетскиот дефицит.

Со помош на 20 милијарди евра од Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија, Романија постепено закрепна и во 2013 година забележа економски раст од 3,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП