5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите ги продаваат рубљите, купуваат долари и евра

Русите ги продаваат рубљите, купуваат долари и евра

rubljijfkheiry3489

Русите во март оваа година ги продавале рубљите, а купувале странски валути со најбрзо темпо во последните четири години, бидејќи курсот на руската валута остро падна, поради спорот меѓу Москва и западните земји во врска со Украина.

Податоците на руската централна банка покажуваат дека побарувачката за странски валути, најмногу за долари и евра, во март достигнала 14,9 милијарди долари, што е највисоко ниво од јануари 2009 година, која светот беше зафатен од финансиска криза.

Во однос на февруари, побарувачката за странски валути е зголемена за 1,5 пати, откако на почетокот на март рускиот претседател Владимир Путин изјави дека има право да го заштити руското население во Украина, а потоа Русија се соедини со Крим, што предизвика осуда и санкции од западните земји.

„Во март вкупната побарувачка за странски валути драстично се зголеми поради континуираното слабеење на рубљата во однос на најважните светски валути и неизвесноста поради можното понатамошно паѓање на курсот“, соопшти руската централна банка.

Во првите три месеци од оваа година курсот на рубљата се намали во однос на американскиот долар за околу 9, а во однос на еврото за околу 8 проценти.

Русите во март исто така рекордно брзо од банките ги повлекувале своите депозити во странски валути. Тие вкупно повлекле 6,9  милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП