20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочна реализацијата на проектот ЕРА Сити

Започна реализацијата на проектот ЕРА Сити

era1

Меѓународната групација Три Гранит заедно со Скопски саем ќе го реализира проектот ЕРА Сити. Договорот за деловна соработка двете компании го потпишаа на 11 февруари 2013 година.

Како што соопштуваат од Скопски саем, развојните планови на групацијата ЕРА вклучуваат изградба на нов градски шопинг центар, кој ќе биде изграден во непосредна близина на центарот на градот Скопје и вклучува шопинг и забавен центар, деловни објекти и хотел.

Претседателот на Управата на Групацијата ЕРА Гвидо Омладич изрази големо задоволство од потпишувањето на договорот што, како што вели, значи последен чекор во реализацијата на проектот ЕРА Сити. – Групацијата ТриГранит со своето знаење, искуство и успешни проекти, што се гледа од добиените награди „Developer“ за 2012 година, доделена од страна на CEE Real Estate Quality Awards, ќе го надогради нашето партнерство на највисоко квалитетно ниво. Со целокупниот комплекс Скопски саем и новоизградениот ЕРА Сити сакаме заедно со ТриГранит да ја зајакнеме улогата на водечки понудувач на меѓународни настани и event индустрија во ЈИЕ. Со додавање забавни и деловни содржини ќе ги надоградиме постоечките дејности и ќе ја искористиме меѓусебната синергија и на тој начин ќе ја зголемиме атрактивноста и уникатноста на целиот комплекс, истакна Омладич.

Извршниот директор на ТриГранит Арпад Торок истакна дека нивната компанија има долгогодишни искуства за развој на нови градски шопинг центри. – WestEnd Sity Center  во Будимпешта, Бонарка во Краков или Пзнан Сити Центарот, кој се отвора оваа година, се одлични примери за нашите обемни референци во Средна и Источна Европа. Го развивме и проектот Арена Центар, најголем трговски-забавен центар во Загреб и Арена Загреб, повеќенаменска спортска арена, кои се слични со проектот на групацијата ЕРА во Скопје. Како партнер за развој на Групацијата ЕРА, способни сме да ги искористиме искуствата, кои ги стекнавме досега и во Република Македонија, која за нас е нов пазар, рече Торок.

Извршниот директор на ТриГранит менаџмент Филип Еванс, потенцира дека со влегувањето на пазарот на Република Македонија го пришируваат не само нивното професионално портфолио, туку и сорботката при управувањето на саемскиот и изложбениот простор на нивното стручно портфолио.

Тој додаде дека со потпишувањето на овој договор компанијата ТриГранит Менаџмент Корпорејшн го зајакнува присуството на Балканот.

Корпорацијата ТриГранит, како дел од соработката, со Скопски саем ќе биде вклучена во реализација на настаните на Скопски саем и Метрополис Арена како повеќенаменска мултифункционална изложбена хала.

Групацијата ЕРА е сопственик на Скопски саем, најголем саемски и изложбен простор во Македонија со површина од 55.000 метри квадратни. Компелксот е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на Групацијата ЕРА, сместено на 23 хектари детално урбанистички уредена површина.

ТриГранит Девелпмент Корпорејшн е една од најголемите претпријатија кое се занимава со развој на недвижности во Европа, и со инвестиции, развој и управување со недвижности. Работи во седум држави во Средна и Југоисточна Европа и  има големо портфолио на довршени атрактивни недвижности, бројни подготвени проекти за повеќенаменска цел, како и со многуте инвестиции во јавно-приватно партнерство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП