2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосово со најголема невработеност во Европа

Косово со најголема невработеност во Европа

hrvatskanevraboteni1

Косово е со најголем процент на невеработени во Европа. Ова го потврдува извештајот на Светска банка каде стои дека невработеноста во ова земја е 40 отсто, наспроти тврдењето на Заводот за статистика на Косово дека нивото на невработеност е 30,9 отсто, јави дописникот на МИА.

Кај машката популација, според Светска банка невработеноста е 28,1 додека кај женската 40 отсто, додека нивото на невработенсот кај младата популација на возраст до 24 години е 55,3 отсто.

Економските екпсерти сметаат дека држвата каде невработеноста е околу 43 отсто треба да многу повеќе да се загрижи, зашто не може да се има политичка ако се нема социјална стабилност.

Од Министерството на труд велат дека невработеноста претставува еден од најгорливите проблеми во земјата и потврдуваат дека точна бројка на невработени нема но нивото се движи од 30 до 35 отсто.

– Според наша оценка нивото на невработеност се движи од 30 до 35 отсто, не повеќе иако се шпекулира дека тоа е 45 отсто и повеќе. Сметам дека не е драстично, но имаме проблем со невработеноста на голем број лица кои бараат работа, вели Берта Лужа, портпаролка на Министертвото за труд и социјална благосостојба.

Таа признава дека поради големата невработеност присутна е тенденцијата на напуштање на Косово и заминување во некоја од западно европските земји и САД за обезбедување подобар живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП